Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една европска земја оди кон целосно затворање

Уште една европска земја оди кон целосно затворање

Австрија ќе преземе мерки за целосно затворање. 

Тоа ќе значи затворање на малопродажбата и натамошни ограничувања на социјалните контакти. 

Во претходните 24 часа е постигнат нов рекорд од 9.586 заразени со коронавирусот.

Комисијата за следење на мерките и развојот на пандемијата препорачала премин кон т.н. „тврдо заклучување“, што вклучува затворање на малопродажни објекти што не се клучни за основното снабдување на граѓаните, како и услужните објекти.

Министерот за здравство Аншобер вчера го критикуваше однесувањето на австриските граѓани во продавниците. 

Забраната за трговија првенствено ќе се однесува на големите трговски центри.

Досегашните мерки, кои вклучуваа затворање на ресторани и забрана за организирањенастани, не ги дадоа очекуваните резултати. 

Забраната во услужните дејности најверојатно ќе важи за козметички салони, салони за масажа и слично, но се уште не е познато дали ќе важи и за фризерски салони. 

Во моментов во земјата е на сила полициски час – од 20 до 6 часот наутро.

И во регионот, сите земји воведоа полициски час освен Македонија и Бугарија. 

Слично

Поврзани вести