Уште една европска земја ќе ги казнува невакцинираните
Италија воведува парични казни за невакцинираните граѓани кои се постари од 50 години.
Мерката стартува од вторникот во Италија, а ќе важи и за странци коишто живеат во земјата. Казната е 100 евра, а мерката ќе биде на сила до 15 јуни. Од 15-ти месецов оваа возрасна група, ќе мора да достави доказ за вакцинираност или прележување на болеста за присуство на работното место, и ќе биде принудена да работи на далечина доколку тоа не може да го стори. За оние коишто ги кршат мерките предвидени се глоби во износ од 600 до 1.500 евра. За оние коишто влегуваат во Италија од другите земји од Европската унија, а коишто ќе приложат доказ за целосно вакцинирање или потврда дека прележале коронавирус, од вторникот нема да биде потребно да имаат и негативен тест како предуслов за влез во земјата.
Од вторникот на потрошувачите и посетителите во книжарниците, банките или канцелариите ќе мора да покажат потврди за вакцинираноста или за прележување на болеста. Тоа нема да се применува во супермаркетите и аптеките.
Во Италија, којашто има околу 60 милиони жители, скоро 81 отсто ов вкупното население е вакцинирано против ковид, односно примило најмалку две дози од вакцините.
Грција ги казнува граѓаните постари од 60 години кои не примиле вакцина против ковид. Цела Европа е со лоша епидемиолошка состојба.
foto freepik.com
