Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една држава се збогува од тројниот ААА рејтинг

Уште една држава се збогува од тројниот ААА рејтинг
Холандија стана уште една земја која го загуби највисокиот можен кредитен рејтинг ААА . Очекувањата за слаб економски раст во земјата доведоа до намалување на нејзиниот долгорочен кредитен рејтинг од Standard & Poor's . Перспективата останува стабилна . " Изгледите за раст на Холандија веќе се послаби од нашите претходни очекувања и тенденцијата е за помал раст на реалниот бруто домашен производ по глава на жител од другите земји со истото високо ниво на економски развој " , соопшти агенцијата. Така, само 10 земји во светот , од кои седум во Европа , го задржуваат највисокиот рејтинг од тројно А и од трите големи рејтинг агенции . Тоа се Шведска , Норвешка , Данска , Швајцарија , Австралија , Канада и Сингапур , додека, пак, рејтинзите на Германија , Луксембург и Финска се со негативна перспектива.
Слично

Поврзани вести