Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден земјотрес ја погоди Венецуела, властите го ограничија пристапот кон Ла Гуаира

Уште еден земјотрес ја погоди Венецуела, властите го ограничија пристапот кон Ла Гуаира

Уште еден потрес имаше во Венецуела. 

Нов земјотрес со јачина од 4,9 степени ја погоди Венецуела, само неколку дена по двата разорни потреси што однесоа околу 1.000 жртви. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот бил почувствуван во Каракас и Маракај. Засега нема информации за нови жртви или материјална штета.

Венецуелската влада соопшти дека од петок навечер ќе го ограничи пристапот до северната сојузна држава Ла Гуаира, која беше меѓу најтешко погодените региони. Министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабељо изјави дека мерката е воведена за да им се овозможи на спасувачките екипи непречено да работат на терен.

Привремената претседателка Делси Родригес ги повика граѓаните да не патуваат кон Ла Гуаира, која се наоѓа на околу 40 километри од Каракас, со цел да не се попречуваат спасувачките и хуманитарните операции.

Во меѓувреме, спасувачките тимови и натаму работат на расчистување на урнатините и потрага по преживеани во најтешко погодените подрачја од катастрофалните земјотреси што ја погодија земјата претходно оваа недела. Властите стравуваат дека бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми, бидејќи илјадници лица сè уште се водат како исчезнати.

Имаше многу потресни приказни за луѓето кои после часови под урнатините се спасени.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести