Уште еден загинат. Колку американски војници ги загубија животите во Авганистан досега?
Уште еден припадник на армијата на САД го загуби животот на боиштето во Авганистан, потврди мисијата за поддршка предводена од НАТО во Авганистан, но интересно е тоа што не дава никакви дополнителни детали за името и местото на загинување на војникот. Истовремено, познато е само уште дека двајца воници на авганистанската армија загинале по урнување на нивниот хеликоптер.
Мисијата на НАТО предводена од САД само формално се повлече од Авганистан во 2014-та, но 15.000 војници останаа да и даваат поддршка на окалната армија во справувањето со екстремистите.
САД е присутен 17 години во Авганистан, а од тогаш се загинати 2.400 војници од оваа земја, од кои вкупно осум оваа година.
Слично
