Уште еден вулкан во Русија доживеа ерупција - дали луѓето се загрозени?
Еруптира друг вулкан во Русија, кој исфрли пепел до висина од три километри.
Станува збор за вулканот Ебеко на руските Курилски острови. Тој по втор пат во изминатите два дена исфрли пепел во висина од три километри. Облакот од пепел се шири во североисточен правец и поминал растојание од повеќе од пет километри.
Ебеко е вулкан висок 1.156 метри, кој се наоѓа седум километри северозападно од Северо-Курилск. Вулканот исфрла пепел прилично редовно, но благо од октомври 2016 година.
Претходно, неделава имаше ерупција на пепел од друг руски вулкан, Шивелуча. Тој со прашина покри неколку села и градови на крајниот исток на полуостровот Камчатка.
Слично
