Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДЕН ВО СЕРИЈАТА ГАФОВИ НА АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ - Бајден збунет и изгубен на конференција, публиката во шок (ВИДЕО)

УШТЕ ЕДЕН ВО СЕРИЈАТА ГАФОВИ НА АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ - Бајден збунет и изгубен на конференција, публиката во шок (ВИДЕО)

Откако претседателот на САД на конференција пред сите ја побара Џеки Валорски, конгресменката од Индијана - која загина во сообраќајна несреќа во август, Џо Бајден повторно изгледаше збунето и изгубено.

Имено, како што изгледа на видеото кое кружи на социјалните мрежи, Бајден бил во канцеларијата на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) каде зборувал за ураганот Иан кој ечеше низ Флорида и продолжи кон копното, но беше јасно дека нешто е погрешно.

Откако претседателот го заврши својот говор, тој нагло се сврте надесно и тргна кон толпата, целосно несвесен за повикот на функционерот на ФЕМА „Господине претседателе?!“


Ова не е првпат претседателот Бајден (79) да се однесува вака, како што забележаа корисниците на Твитер.

„Ова е трагично. Можеме да зборуваме за политика и дали тој е способен за функцијата, но откако гледавме видео по видео од вакви сцени, ни ги крши срцата. Јас сум конзервативец, но овие сцени ме растажуваат. Се молам за него“, гласи еден од коментарите.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Слично

Поврзани вести