Уште еден руски тур-оператор банкротира
Со работа денеска прекина еден од најголемите тур-оператори во Санкт Петерсбург - „Солвекс турне“, објави Рускиот сојуз на туристичката индустрија. Причина е банкротот на компанијата.
Во странство во моментот се наоѓаат околу 9.000 туристи на Солвекс турне, од кои најголем дел се во Бугарија и Грција. Уште речиси исто толку уплатиле туристички аранжмани преку оваа компанија до Нова година.
„Солвекс турне“ е само еден од серијата руски тур-оператори кои банкротираа летово, оставајќи илјадници руски туристи заглавени во туристичките одморалишта низ светот и без сигурна опција да се вратат во Русија.
Слично
