Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДЕН РУСКИ ОЛИГАРХ ПОЧИНА ПОД МИСТЕРИОЗНИ ОКОЛНОСТИ - наводно паднал по скали за време на вечера со пријателите

УШТЕ ЕДЕН РУСКИ ОЛИГАРХ ПОЧИНА ПОД МИСТЕРИОЗНИ ОКОЛНОСТИ - наводно паднал по скали за време на вечера со пријателите

Уште еден руски олигарх, Дмитриј Зеленов, почина под мистериозни околности, а медиумите објавија дека тој починал откако паднал по скали на 9 декември во градот Антиб во француската ривиера.

Педесетгодишниот Зеленов бил на вечера со пријателите кога почнал да се чувствува лошо. После тоа, тој наводно паднал по скалите и се здобил со смртоносни повреди на главата, објавија рускиот весник „База“ и локалниот француски весник „Вар Матин“.

Потоа итно бил пренесен во болница, но лекарите не можеле да го спасат, а неговата смрт ја потврдил јавниот обвинител во блиската општина Грас следниот ден.

Според каналот „Телеграм“ на База, Зеленов неколку недели пред смртта бил опериран поради проблеми со срцето, иако не биле објавени дополнителни информации.

Зеленов беше ко-основач на Don-Stroy, некогаш една од најважните московски империи за инвестиции и развој на недвижности, која ја основа во 1994 година. Редовно се појавуваше на листата на Форбс за најбогати Руси до 2008 година кога поради финансиската криза Дон-Строј претрпе значителни финансиски загуби.

Околностите околу смртта на тајкунот се неверојатно слични на оние на Анатолиј Герашченко, поранешниот шеф на Московскиот авијациски институт, кој почина откако наводно паднал по скалите во седиштето на институтот во Москва во септември, пишува Дејли мејл.

Слично

Поврзани вести