Уште еден руски генерал загина во војната во Украина
Соборен e руски авион во Украина, при што загина еден генерал.
Пензионираниот генерал на руските воздухопловни сили Канамат Боташев загина откако неговиот авион е соборен во воздушниот простор на Украина, пишува Би-Би-Си Русија. Тој, наводно, е највисоко рангираниот руски пилот кој загинал во Украина. Ова наводно се случило во неделата на 22 мај. Генералштабот на Украина соопшти дека рускиот напаѓачки авион Сухој е соборен над Луганската област и дека пилотот не успеал да се катапултира од авионот. Русија досега изгуби неколку генерали во војната во Украина.
Слично
