Уште еден руски бизнисмен го нападна Путин и се откажа од руското државјанство
Банкарот Олег Тинков се откажа од руското државјанство поради Украина.
Рускиот милијардер го осуди „фашизмот на рускиот претседател Владимир Путин". Тој е основач на онлајн банката Тинкоф, еден од најголемите руски кредитори, кој има околу 20 милиони клиенти. Независниот руски медиум Сота Вижн на Твитер објави фотографија од уверението на Тинков на кое се гледа дека неговото руско државјанство е укинато. Тој кажа дека ја мрази војната, но ги сака сите Руси кои се против оваа војна.
„Не можам и нема да бидам поврзан со фашистичка земја која започна војна со својот мирен сосед“, напиша банкарот на социјалните мрежи.
Сепак, објавата сега е отстранета од неговиот профил. Малкумина руски бизнисмени јавно ја критикуваа руската инвазија на Украина, пишува Би-би-си.
И рускиот банкар Николај Сторонски исто така се откажал од руското државјанство. Тој има британско државјанство и ја основал британската финтек старт-ап Револт.
Месецов милијардерот кој е израелско-руски инвеститор Јуриј Милнер објави дека се откажал од руското државјанство. Тој ја напушти Русија во 2014 година и сега живее во САД.
Поради руската инвазија на Украина, Западот го замрзна имотот на руските бизнисмени во странство. Можно е овие пари да се искористат за обнова на Украина. Сепак и тие пари нема да бидат доволни затоа што се направени огромни штети. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари.foto EPA
