Уште еден познат Русин е најден мртов
На периферијата на Москва, пронајдено е телото на Александар Тјунин (50), генерален директор на компанијата НПК „Химпроминџиниринг“, која е филијала на државниот нуклеарен гигант Росатом.
Неговото тело е откриено покрај автомобилот, покрај патот, во близина на шумата. Ловечка пушка и рачно напишана белешка се пронајдени во близина.
Во писмото се наведува дека Тјунин решил да го заврши својот живот по петгодишна борба со депресијата, за која наводно напишал дека „се влошува секоја година“, пишува „Јунајтед 24 медиа“.
Руската државна новинска агенција ТАСС побрза да го означи случајот како самоубиство.
Тјунин е на чело на „Химпроминџиниринг“ од април 2016 година. Тој го надгледуваше производството на јаглеродни композити за воздухопловниот, енергетскиот и индустрискиот сектор. Подоцна, компанијата беше споена со „Уматекс“, која работи во рамките на „Росатом“ и е специјализирана за напредни материјали, што беше санкционирано од САД во февруари 2023 година.
Тјунин е 20-тиот висок руски менаџер кој почина под мистериозни околности од февруари 2022 година. Во регионот Калининград на 8 септември, властите го пронајдоа обезглавеното тело на извршен директор во секторот за рударство и ѓубрива, Алексеј Синицин. Во август, ненадејната смрт на Дмитриј Осипов, претседател на „Уралкали“, и Михаил Кенин, основач на градежниот гигант „Самолет“, исто така, предизвика сомнежи.
Тјунинг е 20-тиот висок руски функционер кој починал под мистериозни околности. Откако почна руската инвазија на Украина, многу познати Руси загинаа под сомнителни околности.