Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДЕН НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Авганистанец нападнал момче со нож, а потоа ја нападнал полицијата

УШТЕ ЕДЕН НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Авганистанец нападнал момче со нож, а потоа ја нападнал полицијата

Нов напад утрово имаше во Германија. Авганистанец нападнал момче со нож, а потоа ја нападнал полицијата. 

Во германскиот град Шенебек, специјалните сили на Државната канцеларија за криминалистичка полиција застрелале Авганистанец (26) кој претходно со нож им се заканувал на Германец (26) и на полицијата, пренесува германски  Билд.

Нападите зачестија во Германија. Пред само неколку дена во градот Манхајм се случи инцидент кога човек влетал со автомобил во толпа луѓе, при што загинало едно лице.

Авганистанец влета со автомобил во толпа во Минхен на 13 февруари. Во нападот беа повредени 39 лица, од кои две, мајка и нејзината двегодишна ќерка, подоцна починаа од повредите.

Слично

Поврзани вести