Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден Македонец загина во џихад во Сирија

Уште еден Македонец загина во џихад во Сирија
Во редовите на милитантната група „Исламска држава“ загина уште еден македонски државјанин кој војувал на сирискиот фронт со што бројот на загинати македонски државјани кои заминале во џихад во Сирија се искачи на тринаесет.   Е.А. кој имал дваесетитри години и кој живеел во скопското село Инџиково, на воените полиња во Сирија заминал пред три месеци.   Поголем дел од македонските државјани кои претходно загинаа борејќи се на страната на „Исламската држава“ биле жители на скопските општини Чаир и Гази Баба. Некои од нив во Сирија со себе ги повеле и своите семејства.   Според проценките на американската разузнавачка агенција ЦИА, „Исламската држава располага со околу 30 илјади борци.  
Слично

Поврзани вести