Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kрузер погоден од норовирусот, над 100 луѓе заразени на „Карипската принцеза“

Kрузер погоден од  норовирусот, над 100 луѓе заразени на „Карипската принцеза“

Повеќе од сто луѓе се разболеа по појавата на норовирус на крузерот „Карипската принцеза“. Според податоците од Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC), симптоми на овој стомачен вирус пријавиле 102 патници и 13 членови на екипажот, пишува британскиот Express.

Сите заразени биле веднаш изолирани. „Принцес Крузис“ потврди во соопштение дека мал број луѓе пријавиле благи гастроинтестинални тегоби за време на патувањето што започна на 28 април од Порт Еверглејдс, Флорида.

- Веднаш спроведовме ригорозна дезинфекција на сите делови од бродот и ги зголемивме хигиенските мерки за време на пловидбата - изјави компанијата.

Според британскиот Мирор, крстосувачот ќе биде темелно исчистен пред повторно да отплови. Бродот од голема класа, кој може да прими до 3.140 патници, отплови од Форт Лодердејл и се очекува да се врати во Флорида во понеделник. Според ЦДЦ, моментално има 3.116 патници и 1.131 член на екипажот.

Норовирусот е многу заразен, но ретко е опасен по живот. Според Британската национална здравствена служба (NHS), се пренесува преку контакт со контаминирани материјали, а инфекцијата најчесто се шири:

Симптомите обично се појавуваат ненадејно и вклучуваат гадење, повраќање и дијареја. Некои пациенти може да доживеат и висока температура, главоболка, болки во стомакот и телото. Иако болеста е многу непријатна, пациентите генерално се опоравуваат во рок од два дена.

Во меѓувреме, на море се одвива уште една, многу посериозна здравствена криза. Повеќе од 140 патници и членови на екипажот се наоѓаат на бродот MV Hondius, каде што избувна епидемијата на хантавирус.

Бродот, управуван од Oceanwide Expeditions, плови кон Канарските Острови и се очекува да пристигне на шпанскиот остров Тенерифе рано во недела. Ситуацијата е алармантна бидејќи досега најмалку тројца патници починаа, додека шест лица се заразени.

За разлика од норовирусот, хантавирусот исклучително ретко се пренесува од човек на човек.

Главно се шири со вдишување воздух контаминиран со честички од измет и урина од глодари. Светската здравствена организација (СЗО) објави дека ризикот од ширење на вирусот кај пошироката јавност е сè уште низок.


Слично

Поврзани вести