Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден град со вињетки ќе се бори против загадувањето

Уште еден град со вињетки ќе се бори против загадувањето

Француската престолнина, Париз и друг поголем град во земјата, Лион, ќе воведат ограничувања на движењето денеска поради пик на загадувањето на воздухот со ситни честички, пренесе „Франс прес", повикувајќи се на локалните власти.

Властите го објаснуваат зголеменото загадување со антициклон, недостатокот на ветер и многу ниските температури. 

Од средината на овој месец сите моторни возила во француската престолнина треба да имаат вињети со нивото на емисиите на штетни гасови.

Од денеска автомобилите во Лион исто така ќе треба да имаат таква вињети. Властите во градот освен тоа планираат да дозволат движење на моторни возила во одредени денови. 


Слично

Поврзани вести