Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден град ги засилува мерките за безбедност

Уште еден град ги засилува мерките за безбедност

Трагедијата во Берлин ги натера властите во многу од големите градови во Европа и Северна Америка да ги зајакнат мерките за безбедност. 

Особено внимание се посветува на популарните божиќни пазари каде што има собирање на многу луѓе. 

Иако нема конкретна закана, властите во Њујорк веднаш реагираа и воведоа дополнителни вооружени патроли во најпосетените области на градот.

„Нема упатени конкретни закани, но полицијата во Њујорк го засилува обезбедувањето на божиќните пазари во градот. Само еден час по нападот во Берлин обезбедивме службеници од специјалните единици. Ќе продолжиме така додека сметаме дека е потребно "- соопшти градоначалникот на градот, Бил де Блазио.

И други градови посебно внимание обрнуваат на божиќните базари. 



Слично

Поврзани вести