УШТЕ ЕДЕН ЦРН ДЕН ВО УКРАИНА: Руски дрон погоди автобус, има загинати
Руски дрон погоди автобус во Украина, каде има жртви.
Најмалку девет луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во руски напад со дрон во источниот украински регион Днипропетровск. „Украинска правда“ објави дека мета на нападот утрово бил автобус кој превезувал работници во местото Марганец.
Две лица се повредени во предградие на Одеса.
„Големи пожари избувнаа и во вториот по големина град во Украина, Харков, како последица на руски напади со дронови“, напиша градоначалникот Олег Терехов на Телеграм.
„Украина е подготвена за преговори, но не и за предавање“, изјави денеска украинската вицепремиерка Јулија Свириденко.
Украина не планира да ги признае окупираните територии како руски. Ова се однесува и за Крим. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
