УШТЕ ЕДЕН БУРЕН ВИКЕНД ВО ГЕРМАНИЈА: Опустошената Рајнска област утре повторно може да биде на удар на силно невреме
Германската метеоролошка служба предупредува декавикендов може да се
очекуваат обилни врнежи од дожд во областите кои веќе беа погодени
од големи поплави.
Се наведува дека локализирани бури се можни од сабота напладне и ќе се прошират на големи делови во Рајнската област-Пфалц подоцна во текот на денот.
Властите информираат дека бројот на жртвите од поплавите од минатата недела само во таа област се искачи на 125. Низ цела Германија, најмалку 174 лица загинаа во поплавите, а пријавени се 31 смртни случаи во соседна Белгија, со што вкупниот број на жртви достигна 205.
Властите изградија голем спасувачки камп за да ги згрижат настраданите, а повеќе од 4.500 цивили, пожарникари и војници се распоредени во тешко погодената област за да ги расчистат поплавените места.
