Уште еден авион падна во морето во близина на брегот на Индија
Авион на индиската морнарица паднал во морето во близина на брегот на сојузната држава Карнатака, соопшти „The Times of India“.
Разузнавачкиот авион „Dornier Do 228“ вршел ноќен лет кога Управувањето на аеродромот во Гоа изгубил врска со него.
Веднаш по губењето на врската со него најблиските бродови на индиската флота биле испратени на местото на инцидентот.
Тие откриле остатоци од авионот, а локалните рибари им пријавиле на воените власти дека го спасиле едниот пилот. Тој бил однесен во воената болница.
Судбината на другите двајца членови на екипажот останува непозната.
„Dornier Do 228“ е двомоторен авион произведен од германската компанија „Dornier GmbH“ од 1981 година до 1998 година. Тој се користи во цивилната авијација, каде служи претежно за внатрешни линии, како и за поморската авијација во различни земји во светот. Во Морнарицата на Индија до сега има 26 „Do 228“, но тие се користат главно како разузнавачки авиони.
