Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден американски доброволец загина во Украина

Уште еден американски доброволец загина во Украина

Руските сили на украинските власти им предале тело на американски доброволец убиен на фронтот. 

Властите во Киев денеска информираа дека од при размена на заробеници од руската страна се предадени десет украински војници, како и посмртните останки на американски државјанин убиен на фронтот.

„Истовремено беше предадено и телото на американскиот доброволец, ветеран на американската армија, Џошуа Алан Џонс, кој се бореше за Украина и загина во борба против окупаторите“, изјави Андриј Јермак, началникот на Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Луѓе од повеќе земји се борат на страната на Украина. Досега медиумите објавија дека загинале неколку американски државјани. Во повеќа наврати имаше размена на заробеници. 

Слично

Поврзани вести