Уште две земји ветија воена помош за Украина
Уште две европски држави ветија воена помош за Украина. Велат дека нема да го напуштат украинскиот народ.
Данска ќе помогне со 90 милиони евра воена помош, а Шпанија со 200 тони воен материјал. При посетата на украинската престолнина Киев, Мете Фредериксен изјави дека Данска ќе и даде на Украина оружје во вредност од 90 милиони евра.
Фредериксен денеска ја посети Бородјанка, предградие на главниот град на Украина, заедно со шпанскиот премиер Педро Санчез.
„Брод на шпанската морнарица денеска отплови за Полска со 200 тони муниција и опрема. Превезува 30 камиони, неколку специјални возила за тешки товари и 10 помали возила со воен материјал кои ќе бидат пренесени во Украина“, рече тој.
Мадрид досега на Украина и испорача десетина авиони со воен материјал. Во предградието кое го посетија биле најдени уште две масовни гробници.
Во Украина ќе испратиме оружје во вредност од 800 милиони долари, изјави американскиот претседател Џо Бајден.
фото Твитер
