Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ 48 ЧАСА: Заливските земји му го продолжија рокот на Катар за одговор на ултиматумот, а потоа...

УШТЕ 48 ЧАСА: Заливските земји му го продолжија рокот на Катар за одговор на ултиматумот, а потоа...

Саудиска Арабија и нејзините сојузници одлучија рано утрово на барање на Кувајт како посредник во решавањето на заливската криза да го продолжат за 48 часа ултиматумот поставен на Катар да го исполни списокот со 13 барања.

Според заедничкото соопштение, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахерин и Египет прифатиле да го продолжат ултиматумот откако Катар соопшти дека денес Кувајт ќе предаде официјален договор на списокот барања.

Катар засега ги отфрли барањата на арапските соседи со оцена дека се максималистички и насочени против неговиот суверенитет. Списокот на барања, меѓу кои се истакнуваа затворањето на медиумската куќа Ал Џезеира, прекин на односите со Иран и затворањето на турската воена база во Катар, е доставен на 22 јуни на Доха со рок од 10 дена за одговор, односно до неделата вечерта.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахерин и Египет ги прекинаа на 5 јуни дипломатските односи со Катар обвинувајќи го дека таа земја поддржува тероризам и поради врски со Иран кој е регионален ривал за Саудиска Арабија.

Катар тогаш одлучил да ги отфрли тие обвинувања.

Слично

Поврзани вести