Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште 250.000 Авганистанци кои работеле со САД чекаат на евакуација

Уште 250.000 Авганистанци кои работеле со САД чекаат на евакуација

Најмалку 250.000 Авганистанци кои работеа со САД не се уште евакуирани, објави Њујорк Тајмс. Многу Авганистанци кои работеа со САД се очајни да го напуштат Авганистан, плашејќи се од одмазда од Талибанците.

Овие лица имаат право за забрзана американска виза, но се преголема бројка за американските сили да ги спасат пред истекот на рокот за заминување следната недела, сугерираат новите проценки.

Дури и ако американските сили продолжат со сегашното темпо од околу 20.000 евакуации дневно проценките сугерираат дека напорите нема да се приближат до спасување на целата група Авганистанци, кои можеби ќе имаат право да заминат пред крајниот рок за заминување зададен од претседателот Џо Бајден до 31 август.

Многу авганистански преведувачи, советници и други кои работеле со американската влада или американски организации во изминатите 20 години и нивните семејства имаат право на специјални визи. И многумина се плашат од одмазда од Талибанците и се очајни да заминат. Но, прецизните бројки се невозможни, бидејќи американските официјални лица не кажаа колку останати уна такви во земјата.

Овие проценки се базираат на извештаи за вработување во Авганистан објавени годишно од страна на Министерството за одбрана и анализирани од Здружението на сојузниците во војната, група која се залага за Авганистанци поврзани со САД, како и истражувачи на Американскиот универзитет. Другите проценки варираат во голема мера, од 100.000 до повеќе од 300.000 луѓе.

Меѓународниот комитет за спасување процени дека над 300.000 авганистански цивили биле поврзани со американската мисија. Еден официјален претставник на администрацијата изјави претходно оваа недела дека бројот на луѓе што треба да бидат евакуирани може да биде повеќе од 100.000.


Слично

Поврзани вести