Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште 13 деца се убиени во Појасот Газа

Уште 13 деца се убиени во Појасот Газа

Гинат и деца во Појасот Газа. Триесет и три луѓе загинаа, од кои 13 се деца, во најсмртоносниот напад  од понеделникот. Нападнати се куќи во центарот на Појасот Газа, при што се повредени 50 лица.

Бројот на загинати во Газа порасна на 181, а меѓу нив се 52 деца. Две деца има и меѓу десеттемина загинати во Израел. Израелската армија утрово ги уништи и домовите на политичкиот и воен водач на Хамас, Јахија Синвар и на неговиот брат во јужниот град Хан Јунис.

Москва им предложи на Израел и Палестина да преговараат во Русија. 

Претседателот на комитетот за меѓународни работи на Руската државна дума, Леонид Слуцки, изјави дека официјална Москва е подготвена да им понуди на Израел и Палестина да водат преговори. 

Русија предлага да се формира малку поинаков „квартет“ во преговорите, во кој би биле вклучени и земјите од Блискиот Исток. Тие сметаат дека покрај Израел и Палестина, треба да се вклучат и оние арапски земји што имаат дипломатски односи со Израел - Египет, Јордан, ОАЕ и Саудиска Арабија.

Во ОН се згрозени од она што се случува во Газа, каде гинат цивили. 

Слично

Поврзани вести