УШТЕ 13 АВИОНИ МИГ-29 ЗА УКРАИНА: Помош доаѓа уште од една земја
Владата на Словачка утрово одобри испраќање борбени авиони МиГ-29 во Украина. Ова утрово го потврди словачкиот премиер Едуард Хегер. Словачка го потврди ова еден ден откако Полска објави дека во наредните денови ќе испрати четири авиони МиГ-29 во Украина.
Да потсетиме дека и Полска и Словачка се членки на НАТО. Данскиот премиер вчера објави дека западните земји се уште расправаат дали да испратат борбени авиони во Украина.
„Ова е нешто за што разговараме во групата сојузнички земји. Тоа е голема желба на Украина“, рече Фредриксен.
Зеленски долго време бара „крилја на слободата“.
Да потсетиме, украинскиот претседател Володимир Зеленски во неколку наврати побара од западните сојузници да испратат борбени авиони во Украина, кои тој ги опиша како „крилја на слободата“.
Соединетите Американски Држави и Велика Британија одбија да испратат борбени авиони во Украина во јануари, но минатиот месец Бен Валас, британскиот секретар за одбрана, рече дека Британија е подготвена да испрати авиони на своите сојузници во источна Европа.
Ова ќе им овозможи на членките на НАТО од Источна Европа да испратат свои борбени авиони од советско производство во Украина, како што сега објавија Полска и Словачка.
