Економија, финансии, бизнис

Контакт

„US Airways“ и „American Airlines“ пред спојување, се создава најголемата авиокомпанија во светот?!

„US Airways“ и „American Airlines“ пред спојување, се создава најголемата авиокомпанија во светот?!
Американската авиокомпанија „US Airways“ и компанијата-мајка на банкротираните конкурент „American Airlines - AMR“се пред крај на преговорите за спојување. Договор е можно да биде склучен во текот на следните две недели, пренесува Ројтерс. Разговорите продолжуваат главно во однос на евалуација на компаниите и состав на раководната структура. Преговорите се уште може да пропаднат, открива Ројтерс, а „ US Airways“ одбива да ги коментира ваквите тврдења. Одборот на директори на AMR ќе се сретне подоцна оваа недела, за обнова на преговорите, пишува Ројтерс. Веројатно поради високите трошоци за работна сила AMR поднесе барање за стечај во ноември 2011 година. Сеуште е во игра и планот за реструктуирање без спојување, велат запознаени извори. Ако дојде до спојување, со  тоа ќе создаде најголемата  авиокомпанија во светот, која ќе може полесно да им се спротивстави на големата конкуренција од страна на „Delta Airlines“ и „United Continental“.
Слично

Поврзани вести