Урнатиот индонезиски авион пренесувал пари за сиромашните
Авионот кој се урна во неделата во планински регион на Индонезија, пренесувал 6,5 милијарди рупии во готово (околу 420 илјади евра), кои требало да бидат распределени меѓу сиромашните семејства во провинцијата Папуа, соопштил за „АФП“ началникот на поштата во Джарпура - главниот град на провинцијата Папуа.
Четворица од неговите вработени ги придружувале парите спакувани во четири куфери.
Авионот на локалната компанија „Тригана ер“ исчезнал од радарите малку по полетувањето од аеродромот „Сента“ во Джарпура.
Подоцна неговите остатоци биле забележани од локални жители.
Во авионот имало 54 лица, вклучувајќи И деца.
Слично
