Економија, финансии, бизнис

Контакт

УРНАТИ ШЕСТ КУЌИ, 30 ЛУЃЕ ИСЧЕЗНАТИ: Ужасни последици по невремето во Германија (ВИДЕО)

УРНАТИ ШЕСТ КУЌИ, 30 ЛУЃЕ ИСЧЕЗНАТИ: Ужасни последици по невремето во Германија (ВИДЕО)

Околу 30 лица се водат како исчезнати откако шест куќи во западна Германија се урнаа синоќа поради обилните дождови и поплави.

Други 25 куќи се изложени на ризик од уривање во областа Шулд кај Аденау, јави телевизијата СВР повикувајќи се на локалната полиција, пренесува Билд.


Еден пожарникар го загуби животот во поплава предизвикана од бура во западниот дел на Германија, додека припадниците на армијата им помагаат на жителите во таа област.

Поради поплавата сообраќајот на железница, патничкиот и речен бил во прекин, објави Ројтерс.


Слично

Поврзани вести