Економија, финансии, бизнис

Контакт

Урнат рекордот на прилив на бегалци во текот на викендот

Урнат рекордот на прилив на бегалци во текот на викендот

Во Шведска минатито викенд е урнат рекордот по број на бегалци кои стигнале во таа земја, соопшти денеска шведската миграциона служба.

За првите неполни десет месеци оваа година тие биле 86.223 во однос на 84.018, колку што изнесувал во 1992 година во време на судирите на просторите на поранешна Југославија.

Според агенциите тоа е најголемиот број на бегалци по глава на жител во Европа.

Минатиот петок премиерот на Шведска Стефан Левен рекол дека вкупниот број би можел да достигне 150 000 во земјата со 9,5 милиони жители.

Според неговите зборови, состојбата е толку тешка што ќе биде намален стандардот кон мигрантите,

-Се работи на тоа да биде обезбеден кров над глава-рекол шведскиот премиер, додавајќи дека во случај на потреба бегалците ќе се прифатат во шатори кои се греат, спортски училишни сали, индустриски објекти.

А се шпекулира дека би можеле да бидат ангажирани и непополнетите затвори.

Се претпоставува дека периодот потребен за разгледување на барање за одборување на зил-сега 10 месеци, би можел да биде зголемен а бегалците на кои ќе им биде одбиен, неодложено ќе бидат депортирани.

Миграционата служба исто така наведува дека полицијата се обидува да ја зголеми контролата на проверка на документи внатре во Шведска.

Слично

Поврзани вести