Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уредничката на Би-Би-Си го праша Трамп дали ќе употреби нуклеарно оружје

Уредничката на Би-Би-Си го праша Трамп дали ќе употреби нуклеарно оружје

Уредничката на Би-Би-Си за Северна Америка, Сара Смит, разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп по телефон и го праша дали неговата изјава претходно овој месец дека „целата цивилизација ќе умре вечерва“ е закана за употреба на нуклеарно оружје против Иран.

„Другата страна е желна да постигне договор. Па што и да кажам или направам, се чини дека функционира многу добро. Ви благодарам многу“, рече Трамп.

Што се однесува до членките на НАТО, Доналд Трамп рече дека на САД „воопшто не им биле потребни“ во војна со Иран, но дека „тие требало да бидат таму“. Кога Смит го праша зошто сака да се приклучат во војната, Трамп одговори дека сакал да види дали ќе се вклучат или не. 

САД и Израел на 28 февруари годинава го нападнаа Иран. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести