Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ураганот Метју однесе уште жртви

Ураганот Метју однесе уште жртви

Ураганот Метју зеде најмалку 10 жртви во САД. 

Тоа се жители на Флорида, Северна Каролина и Џорџија, јави ТАСС, повикувајќи се на американски медиуми.

Вчера тој помина покрај бреговите на два од најстарите и најпознатите историски градови на САД - Савана во Џорџија и Чарлстон во Јужна Каролина. Ураганот продолжува да предизвикува поројни дождови и силни ветрови. Се очекува тој сега да се насочи кон внатрешноста на океанот, да ја изгуби силата,  да направи пресврт и да се врати на Бахамите и Флорида, но овој пат премногу слаб, за да предизвика  штета.

Аналитичарите сметаат дека Метју предизвикал штета во износ помеѓу 4 и 6 милијарди долари при преминувањето во САД, пренесоа американските медиуми.

Според анализите нанесени се штети на 1,5 милиони станбени и комерцијални имоти во Флорида, Јужна Каролина и Џорџија. 

Во Хаити каде ураганот помина претходно оваа недела и го одзеде животот на стотици луѓе се регистрирани најмалку 13 смртни случаи на колера, пренесе Ројтерс.

Според здравствените експерти има уште 62 случаи на болеста во погодените области. 


Слично

Поврзани вести