Економија, финансии, бизнис

Контакт

УРАГАНОТ ИЈАН ЗАЈАКНА: Бурата се приближува до Јужна Каролина, расте бројот на жртви (ВИДЕО)

УРАГАНОТ ИЈАН ЗАЈАКНА: Бурата се приближува до Јужна Каролина, расте бројот на жртви (ВИДЕО)

Ураганот Ијан повторно зајакна и денеска ќе се приближи до брегот на Јужна Каролина, објави Националниот центар за урагани (NHC).

„Ијан би можел да зајакне пред да падне утре, по што се предвидува брзо слабеење над југоисточниот дел на САД од петок до сабота“, се вели во извештајот.


Се очекува Ијан да падне на копно околу 14 часот по локално време во петок, северно од Чарлстон.

Издадено е предупредување за ураган за крајбрежна област долга околу 370 километри, од границата на Јужна Каролина и Џорџија, сè до Кејп Феар, Северна Каролина.


Гувернерот на Северна Каролина Рој Купер ги повика жителите да ги „преземат неопходните мерки“ и предупреди на можноста од поплави, лизгање на земјиштето и торнада. „Бурата е сè уште опасна“, рече тој.

Ураганот Ијан ја погоди Флорида во средата попладне како ураган од четврта категорија, со максимални постојани ветрови од 150 милји на час.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ураганот Ијан може да биде „најсмртоносниот“ ураган во историјата на Флорида. „Сè уште не ги знаеме точните податоци, но според првите извештаи што ги слушнавме, бројот на загинати може да биде значителен“, рече Бајден.


Само во округот Шарлот, Флорида, пријавени се 10 смртни случаи, а речиси 90 отсто од плажата Форт Мајерс на југозападниот брег на оваа американска држава е срамнета со земја.

Се стравува дека бројот на загинати ќе го надмине бројот на жртвите во Катрина, а според некои неофицијални и непотврдени проценки, бројот на жртвите на Ијан е веќе околу 200 лица.


Милиони луѓе останаа без струја, многумина без домови.


Фото: Твитер Printscreen

Слично

Поврзани вести