Економија, финансии, бизнис

Контакт

УРАГАНОТ „ИДА“ СЕ ЗАКАНУВА НА АМЕРИКА СО ДУСТРУКТИВНА МОЌ: Прогласена е итна состојба, се евакуираат од крајбрежјето

УРАГАНОТ „ИДА“ СЕ ЗАКАНУВА НА АМЕРИКА СО ДУСТРУКТИВНА МОЌ: Прогласена е итна состојба, се евакуираат од крајбрежјето

Ураганот Ида денеска ја погоди Куба, и се заканува дека ќе ја погоди американската сојузна држава Луизијана со разорна сила во текот на викендот, поради што е наредена евакуација во главниот град Њу Орлеанс и долж крајбрежната област.

Ида денес нагло се засили и се пресели од нивото на тропска бура во ураган, носејќи со себе ветришта со брзина од 128 километри на час додека ја минуваше западна Куба кон Мексиканскиот Залив.

Американскиот национален центар за урагани предвидува дека Ида ќе се засили во екстремно опасен ураган од четврта категорија со ветрови од 225 километри на час, пред да го погоди брегот на југот на САД во текот на денешниот ден, пренесува АП.

Градоначалникот на Њу Орлеанс, Латоја Кантрел, нареди евакуација на сите оние што живеат надвор од насипниот систем што го штити градот од поплави.

Не прецизира колку луѓе живеат во тие делови, но ги предупреди граѓаните кои имаат здравствени проблеми и други посебни потреби брзо да ја напуштат погодената област.

Латоја Кантрел рече дека бурата многу се засилила за кратко време и дека не е можно да се нареди задолжителна евакуација за целиот град, бидејќи нема време. Градските власти ги предупредија граѓаните да бидат подготвени за подолги прекини на електричната енергија и побараа од постарата популација да размисли за евакуација.

„Постои зголемен ризик од бури опасни по живот, штетни урагански ветрови и обилни врнежи во во текот на викендов и во понеделник, особено долж брегот на Луизијана“, предупредуваат од центарот за урагани.

Се очекува бурата да ја погоди Луизијана на ист ден како пред 16 години кога ураганот Катрина буквално го срамни со земја брегот и направи невиден пустош во оваа држава во САД.


Слично

Поврзани вести