УРАГАНОТ ИДА НЕВЕРОЈАТНО МОЌЕН: Ќе биде најсилниот удар од 1850 година, вонредна состојба во Луизијана
Најсилниот ураган
од 1850 година се приближува. Ида се заканува дека ќе ја опустоши Луизијана, заради
што властите наредија итна евакуација, а претседателот Џо Бајден одобри
вонредна состојба.
Ураганот Ида, кој се оддалечува од кубанскиот брег утрово, се приближува до Луизијана, која, како што предвидуваат метеоролозите, ќе биде погодена од силината на „големиот и крајно опасен ураган“ кон крајот на неделата.
- Жителите на Луизијана имаат време до крајот на денов да се подготват за ураганот Ида – изјави гувернерот на таа јужна држава, Џон Бел Едвардс, п и предупреди за „тешки последици“.
- Ова ќе биде најсилниот ураган што ја погодил Луизијана од 1850 година. Крајно време е за евакуација. Бидете подготвени и бидете онаму каде што имате намера да се справите со бурата во моментот на ударот - рече гувернерот.
