Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ураган уби над 4600 луѓе

Ураган уби над 4600 луѓе

Повеќе од 4.600 луѓе загинаа во ураганот Марија, што лани го зафати островот Порторико. Бројот е 70 пати поголем од официјалниот, покажуваат проценките на студијата на Универзитетот Харвард. Една третина од смртните случаи по ураганот во септември се должи на прекините во медицинската грижа предизвикани од прекини на електрична енергија и прекинати патни врски, велат истражувачите. 

Официјалната бројка на загинати изнесува 64.

„Големината на оваа трагична катастрофа предизвикана од ураганот Марија резултираше со многу жртви”- рече Карлос Меркадер од Федералната администрација на Порторико, кој го поздравил истражувањето на Харвард.

Тој додал дека властите на островот,  им наложиле на Универзитетот Џорџ Вашингтон да го проучат бројот на смртни случаи и дека овие наоди ќе бидат објавени наскоро.

Тие ќе се подготвуваат за идни катастрофи. 

Истражувачите од Харвард велат дека интервјуата спроведени во Порторико укажуваат на зголемување на смртноста од 60 отсто во три месеци по невремето.

Тие контактирале со повеќе од 3.000 случајно избрани домаќинства меѓу јануари и март годинава и ги прашале за раселување, загуба на инфраструктура и причини за смрт.

Потоа ги споредиле нивните резултати со официјалните стапки на морталитет за истиот период во 2016 година, повеќе од една година пред ураганот да го погоди островот.

Истражувачите велат дека прекинуваната медицинска нега е најголема причина за одржливи високи стапки на морталитет во месеците по ураганот.

Слично

Поврзани вести