Економија, финансии, бизнис

Контакт

УРАГАН ПУСТОШИ НА ФЛОРИДА: Загинаа најмалку 10 луѓе

УРАГАН ПУСТОШИ НА ФЛОРИДА: Загинаа најмалку 10 луѓе

Најмалку 10 жртви има од ураганот Милтон на Флорида. 

„Имаме извештаи дека најмалку 10 лица ги загубиле животите како последица на ураганот Милтон“, изјави секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас.

Ураганот Милтон денеска навлезе во Атлантскиот Океан откако ја погоди катастрофално американската сојузна држава Флорида,  предизвика прекин на струја за повеќе од 3,4 милиони потрошувачи и предизвика сто и педесет торнада, јавија американските медиуми.

Повеќе од 1,6 милиони луѓе во Западна Флорида сега се без струја. Се очекува нивото на реките на Флорида да продолжи да расте. Претходно беше наведено дека на 3,3 милиони луѓе им се заканува ураганот и дека е наредена евакуација.

Слично

Поврзани вести