Економија, финансии, бизнис

Контакт

УРАГАН ЈА ДЕМОЛИРАШЕ КУБА, 11 МИЛИОНИ ЛУЃЕ СЕ БЕЗ СТРУЈА: Ветер од 200 км/ч носи се пред себе, има мртви (ВИДЕО)

УРАГАН ЈА ДЕМОЛИРАШЕ КУБА, 11 МИЛИОНИ ЛУЃЕ СЕ БЕЗ СТРУЈА: Ветер од 200 км/ч носи се пред себе, има мртви (ВИДЕО)

Ураганот во Куба остави 11 милиони луѓе без струја, бидејќи електричната мрежа е во прекин низ островот. Најмалку двајца мртви!

Ураганот Иан ја погоди Куба и остави 11 милиони луѓе без струја бидејќи силните налети на бурата го уништиле системот за напојување. Најмалку две лица загинаа, а материјалната штета е огромна, пренесоа светските медиуми.

Официјалните лица рекле дека системот за напојување е „во целосен колапс“ и дека не се знае кога ќе може да се врати во нормален режим на работа.

Очевидци наведуваат дека сцените во Куба се „како апокалипса“ и дека зградите, како и индустриските зони и фармите низ земјата се опустошени.

Ураганот Иан спаѓа во третата категорија, брзината на ветрот достигнува речиси 200 километри на час, а се очекува ураганот наскоро да ја погоди и Флорида, каде веќе е во тек евакуација.


Улиците се празни, се е уништено!


Фото: YOUTUBE/CBS NEWS

Слично

Поврзани вести