УПАТСТВО НА САД: Како да се справите со „агресивниот автократ” Владимир Путин
Поранешната врна експертка на Пентагон за Русија, Евелин Фаркас, во отворено писмо до новиот претседател на САД дава препораки како земјата да се справи со „агресивниот автократ", Владимир Путин.
„Господине/госпоѓо, иден претседателе, ќе влезете во претседателскиот кабинет соочувајќи се со Путиновата Русија како потенцијална геостратегиска закана за Соединетите Американски Држави. Ќе ви биде неопходна стратегија за да ѝ се спротивставите на таквата закана, која постојано расте.” – вака почнува отвореното писмо упатено до следниот претседател на САД.
Во писмото, Фаркас пишува дека заканата лежи во тоа што Путин своите цели се обидува да ги оствари со преправање на меѓународните правила и норми, кои се од клучно значење за безбедноста на САД.
Според неа, Путин во моментов има две цели: да се задржи на власт во Русија и повторно да направи голема сила што може да ги загрози американските национални интереси.
„Не смееме да ѝ дозволиме на Русија да го уништи НАТО, нашиот најефикасен оперативен сојуз, и нашата солидарност со Европа, нашиот најголем трговски партнер. Доколку дозволиме Русија да ги окупира Украина, Молдавија и Грузија, а Асад да остане на власт, Кремљ ќе добие моќ повторно и повторно да користи воена сила за да ги постигне своите дипломатски цели. Претседателската администрација мора да ги зајакне своите сојузи со партнерите за да може да се спречи тоа“, пишува американската аналитичарка.
Таа ги истакнува и „политичките убиства“, осврнувајќи се на извештајот на британскиот истражен совет, кој минатата недела го обвини Путин дека „најверојатно“ го наредил убиството на поранешниот руски шпион Александар Литвиненко.
