Економија, финансии, бизнис

Контакт

Упад во просториите на Google во Париз поради затајување даноци

Упад во просториите на Google во Париз поради затајување даноци

Голема полициска акција почнала во канцелариите на Google во Париз утрово, соопштува Le Monde, цитирани од агенциите.

Акцијата почна во 5 часот наутро по локално време. Француските власти ја истражуваат компанијата за извршени даночни прекршоци. Во операцијата се вклучиле даночни службеници, петмина обвинители и вработени од Бригадата за борба против тешки злосторства.  Првите обвиненија против компанијата во Франција беа покренати пред пет години. Во февруари годинава во медиумите се појавија информации, вклучувајќи и во светските агенции дека француските даночни власти бараат над 1,6 милијарди евра неплатени даноци од корпорацијата.

Властите во Париз не ја коментираат оваа информација.

Слично

Поврзани вести