Економија, финансии, бизнис

Контакт

„UNITE UNITE EUROPE“ ИСПЕА ТОТО КУТУЊО ВО 1990, ПО ДВЕ ГОДИНИ ЕУ СЕ ОБДИНИ: Кој беше човекот што ги симна границите на Европа, но не го победи ракот

„UNITE UNITE EUROPE“ ИСПЕА ТОТО КУТУЊО ВО 1990, ПО ДВЕ ГОДИНИ ЕУ СЕ ОБДИНИ: Кој беше човекот што ги симна границите на Европа, но не го победи ракот

Во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано вчера почина славниот италијански музичар Тото Кутуњо  на 80-годишна возраст, откако ја загуби битката со ракот, кој метастазирал на бубрезите.

Светки познатиот музичар, композитор и автор со болеста се борел цели 16 години уште во 2007 година, кога му бил дијагностициран рак на простата. Потоа беше опериран, додека цела Италија се молеше за неговото здравје. Кутуњо по интервенцијата бил добро, но по извесно време болеста му се вратила, заради што бил на хемотерапија. Кон крајот на 2009 година се сметаше за здрав и продолжи со концерти. Пред две години неговото здравје нагло се влошило и ракот повторно се вратил. Славниот музички уметник ќе биде погребан утре во Милано.

За светот, но првенствено за Европа, Тото е човекот кој го обедини блокот само три години откако ја испеа Insieme, Unite, Unite Europe.

Триумф во Југославија

Со сè што се случуваше во Европа во тоа време, не беше чудно што песната што го слави европското единство победи на Евросонг во тогашна Југославија. Песната од Италија Insieme: 1992 (Заедно: 1992) се закити со победничкиот пиедестал и беше моќна химна во италијанскиот канцонски стил и со  силна порака „...ова е италијанска песна за тебе“ дел кој го испеа на италијански јазик и „обединета, обединета Европа“, стих кој го испеа на на англиски јазик.

Песната ја напиша токму тој, само неколку месеци по падот на Берлинскиот ѕид, а спомнувањето на 1992 година во насловот на песната се однесува на Договорот од Мастрихт од 1992 година кој се смета како основање на Европската унија и нова етапа во процесот на европската интеграција и единствениот пазар.

Insieme: 1992 година беше главно хит во централна Европа и стана една од Топ 50 песни од 1990 година според „Eurochart Hot 100“. Без разлика дали тоа требаше да биде политичка порака или прослава на единството, песната јасно ја трогна публиката и ѝ го даде на Италија вториот трофеј на Евровизија по Non Ho L'età на Gigliola Cinquetti во 1964 година. 


Слично

Поврзани вести