Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНИШТЕНО Е МАРОКАНСКО СЕЛО: Жителите или се загинати или се во болница

УНИШТЕНО Е МАРОКАНСКО СЕЛО: Жителите или се загинати или се во болница

Мароканското село Тафегагте е целосно уништено, жителите се мртви или во болница.

Засега е потврдено дека 90 од вкупно 200 жители настрадале. Селото е на 60 километри југозападно од Маракеш. Бројот на загинатите во разорниот земјотрес во Мароко е над 2.800 луѓе, а бројот на повредени се зголеми на 2.476. Голем број луѓе останале под урнатините. Најмногу жртви има во руралните области во близина на епицентарот на земјотресот, јужно од Маракеш. Цели села се срамнети со земја, а патиштата блокирани поради урнатините и одроните предизвикани од земјотресот, пишува Би-Би-Си. Земјотрес од 6.8 степени во петокот вечерта го погоди Мароко. Туристите заминаа од земјата по катастрофата. 

Слично

Поврзани вести