Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уништени патишта и 2.000 куќи - Авганистанците ги закопуваат жртвите од земјотресот

Уништени патишта и 2.000 куќи - Авганистанците ги закопуваат жртвите од земјотресот

Авганистанците ги закопуваат жртвите, и копаат по преживеаните по земјотресот кој вчера уби 1.000 луѓе. Потресот уништи патишта. Скоро 2.000 куќи се уништени во силниот земјотрес што погоди оддалечена област во Авганистан каде што недостатокот на машини за отстранување урнатини ги забавува спасувачките операции, соопштија од Обединетите нации.

Земјотресот беше најсмртоносниот во Авганистан во последните 20 години, а властите рекоа дека бројот на жртвите може да порасне. Се проценува дека околу 1.500 луѓе се повредени, објави државната новинска агенција Бахтар, пренeсува Асошијетет прес.

„Немаат што да јадат, се прашуваат што можат да јадат, а исто така врне и дожд. Нивните куќи се уништени. Ве молиме помогнете им, не оставајте ги сами“, раскажа репортерот на Бахтар на снимката од местото на земјотресот.

Водачот на талибанците, Хаибатула Ахунџадах, замоли за помош од светот во средата, но официјален претставник на ОН рече дека владата не побарала светската организација да мобилизира меѓународни тимови за пребарување и спасување или да набави опрема од соседните земји.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 6.1 степени бил на околу 44 километри од југоисточниот град Коста, во близина на границата со Пакистан. 

Јапонската Влада најави помош за Авганистан. 

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести