Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УНИШТЕН ТУРИСТИЧКИ РАЈ: Екс претседателот на Гамбија ја испразнил државната каса и избегал!

(ВИДЕО) УНИШТЕН ТУРИСТИЧКИ РАЈ: Екс претседателот на Гамбија ја испразнил државната каса и избегал!

Советникот на новиот претседател на Гамбија тврди дека поранешниот лидер на таа земја Јахја Џамех во последната недела на власт ја испразнил државната каса, украл над милиони долари и дури со авион изнајмил луксузни возила.

Советникот Мај Ахмад Фати тоа им го рекол на новинарите во Сенегал, каде новиот претседател Адам Бероу уште го чека да се врати дома, пренесе АП.

Фати рекол дека претседателот ќе се „врати дома што поскоро“. Џамех со себе однел 11,4 милиони долари, наведува Фати, напоменувајќи дека тоа е она што досега успеале да го откријат.

Гамбија е финансиски оштетена . Касите се буквално испразнети. Таквата состојба е факт.

Тоа е потврдено и во министерството за финансии и во Централната банка на Гамбија“, рекол Фати.

Џамех неодамна во текот на денот одлета од гамбиската престолнина Банџула бидејќи после падот од власт на која беше 22 години, решил да оди во егзил. Повикувајќи се на очевидци, Ројтерс пренесува дека воени единици на западноафричките земји влегле во главниот град на Гамбија во рамки на операцијата доведување на власт легално избран претседател.

Авторитарниот водач Џамех ја презел власта со пуџ во 1994 година, а се повлекол од челото на земјата под притисок на армијата на западноафричките земји кои влегле во Гамбија како би го присилиле да го признае поразот на декемвриските избори на кои победил Бероу.

Избраниот претседател на Гамбија Адам Бероу положил заклетва во четвртокот на свеченост во гамбиската амбасада во соседен Сенегал.


Слично

Поврзани вести