„УНИПЕР“, ГЛАВНИОТ УВОЗНИК НА ГАС ПОЗАЈМИЛ ДЕВЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА: Сега бара уште четврти за да „излезе на крај“ со цените
Осиромашениот германски
увозник на гас „Унипер“ денеска побарал од владата нов итен заем од четири
милијарди евра, покрај веќе искористените девет милијарди, за да се справи со
силниот раст на пазарните цени.
Најавувајќи го овој потег, Унипер посочи дека целта на продолжената кредитна линија со развојната банка KfW ќе биде стабилизирање на нејзиното работење.
Компанијата веќе ги искористи деветте милијарди евра доделени за неа.
Во јули, владата му обезбеди на увозникот на гас помош од 15 милијарди евра, земајќи 30 отсто од сопственичките акции и вети кредитна линија од 9 милијарди евра преку државниот заемодавач KfW. Поради наглото намалување на снабдувањето со руски гас преку гасоводот „Северен тек 1“ на Балтичкото Море, „Унипер“ мораше да купува гас на физичкиот пазар по значително повисоки цени за да ги исполни своите договорни обврски и затоа има проблеми со ликвидноста.
„Унипер“ купува гас на физичкиот пазар откако руски „Газпром“ ги намали испораките на „Северен тек 1“ за четири петтини поради проблеми со враќањето на турбината од употреба во Канада и редовното одржување. Поради намалените испораки на руски гас, компанијата работеше со нето загуба од 12,3 милијарди евра во првата половина од годината.
Германија воведе нови давачки за гас минатата недела за да ги кофинансира високите увозни трошоци, зголемувајќи го товарот врз граѓаните и бизнисите и покрај високата инфлација. Од октомври до март 2024 година ќе се наплаќа такса за складирање на гас од 0,59 евроценти по мегават час и повисока цена за набавка од 2,419 евроценти по киловат час.
Новите давачки ќе значат речиси 500 евра повеќе трошоци за гас за просечно четиричлено семејство во текот на една година, според проценките на дигиталните платформи за споредба и анализа на цените Verivox и Check24.
ФОТО: EPA