Unilever престанува да се рекламира на Фејсбук и Твитер
Unilever PLC соопшти денеска дека ќе престане со рекламирање на Фејсбук, Инстаграм и Твитер во Соединетите држави до крајот на годината, споменувајќи го „ширењето и говорот на омраза за време на овој поларизиран изборен период во САД "
Компанијата за производи за широка потрошувачка, која е сопственик на брендови како Дав сапуни и чајот од Липтон, се приклучува на бојкотот на рекламирањето на Фејсбук, како дел од кампањата „Стоп на омразата за профит“ која ја започнаа групите за граѓански права на САД по смртта на Џорџ Флојд, пренесе Ројтерс.
Целта е Фејсбук, кој е сопственик на Инстаграм, да направи повеќе за да престане говорот на омраза.
Од оваа компанија велат дека рекламирањето на овие платформи нема да даде вредност за луѓето и општеството.
Фејсбук и Твитер веднаш не одговорија на барањата за коментар.
