Уникредит банка со нето загуба од 553 милиони евра
Италијанската Уникредит банка во четвртото тромесечје во 2012 година работеше со нето загуба од 553 милиони евра, додека во истиот период претходната година имаше нето добивка од 114 милиони евра.
Банката објави дека последното ланско тромесечје го заклучила со нето загуба поради зголемените резервации за ненаплатливите кредити, со кои се обидува да се спротивстави на предизвикувачкото економско опкружување. Како што е објавено на сајтот Индикатор.ба, резервациите за ненаплатливите кредити се зголемени во последните три месеци лани од 1,78 милијарди на 4,6 милијарди долари.
Слично
