Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНИКАТНО ВИДЕО: „Исламска држава“ покажа како руските бомби паѓаат врз нив!

УНИКАТНО ВИДЕО: „Исламска држава“ покажа како руските бомби паѓаат врз нив!

Терористите од „Исламска држава“ снимиле видео на кое се гледа од земјата како руски авион Су-24 нанесува удари по нивни позиции. Видеото го покажува моментот во кој борбениот авион фрла бомби, а малку потоа се покажуваат и поразените цели. Над уништените воени објекти се издига густ чад. Видеото е поставено на интернет на 9 октомври, објави ТВ канал „Ѕвезда“.

Джихадистот кој го снимил видеото, постојано вика: „Алах акбар“!. Се слуша како по радиостаницата зборуваат дека Русите фрлиле шест бомби.

„Таму имаше магацин со муниција! Сега сè е во чад“, превод од арапски на рускиот сајт.

Претходно руското Министерство за одбрана соопштило дека на 8 октомври руските авиони извршиле напади во Сирија со 22 борбени полетувања и нанеле удари по 27 објекти.

Бомбардерите Су-34 и Су-24 нападнале цели на осум основни цели на терористите во провинцијата Хомс. Целосно се уништени утврдувања, каде се криеле исламистите. Во 11 региони на провинциите Хама и Рака се уништени камповите на „Исламска држава“.

Русија ја започна воената операција во Сирија на 30 септември по официјално барање за помош од страна на претседателот на земјата, Башар Асад.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/jrhQA4aveW8[/embed]
Слично

Поврзани вести