Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНИКАТЕН ПОДАРОК: Што му даде Путин на патријархот Московски?

УНИКАТЕН ПОДАРОК: Што му даде Путин на патријархот Московски?

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на велигденската литургија, а на патријархот му подари авторско дело. 

Тој му донесе рачно изработено велигденско јајце со ликот на иконата на Владимирска Богородица.

Велигденското јајце што го претстави Путин се вика „Патријаршиско“ и е оригинално дело, односно изработено е од порцелан и рачно насликано со маслени бои.

Во катедралата на Христос Спасителот во центарот на руската престолнина Москва, патријархот Московски и на цела Русија, Кирил служеше Велигденска утрена и Божествена Литургија ноќта од сабота кон недела. На празничната богослужба освен Путин присуствуваше и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Тој вети примирје на фронтот во Украина, но украинските власти се жалат дека имало напади и денеска. 

foto EPA-EFE/MIKHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Слично

Поврзани вести