УНИЦЕФ: Ако се вакцинираат сите деца, ќе спасиме 25 милиони животи
Од утре почнува Светската недела на вакцинирањето, која ќе трае до 30 април, а е насочена кон глобална заштита на децата од смртоносни болести. За таа цел, УНИЦЕФ објави статистички податоци според кои доколку денеска се вакцинираат сите деца на светот, до 2020 година би биле спасени 25 милиони животи.
Исто така, вакцините не чинат многу, а заштедуваат огромни трошоци за лекување на болестите кои можат да се спречат со имунизација.Овој факт на Твитер го споделил и Бил Гејтс, нагласувајќи дека вакцините се најевтин облик на здравствена заштита.
Дури 70% од децата кои не се вакцинирани живеат во 10 земји во светот -Конго, Етиопија, Индија, Индонезија, Ирак, Нигерија, Пакистан, Филипини, Уганда и Јужна Африка.
Слично
